Вчера македонскиот медиум „Офнет“, објави грозоморна снимка на која се гледа нелегална борба со кучиња во струшко, апелирајќи до надлежните да ги препознаат лицата во видео записот и соодветно да реагираат.
Оваа вест која брзо се рашири по социјалните мрежи, дигна лавина реакции и осудувања од страна на невладините организации и граѓаните.
Дел од видеата се поставени на една фан страна на социјалната мрежа фејсбук, додека дел се наоѓаат на интернет каналот јутјуб.
Заради насилната содржина во видео записите, истите нема да бидат објавени.
OhridNews
фото: „Офнет“













