При вршење на контрола од страна на екипи на МЈП Проаква, Р.Е.Водовод Охрид, во околните села, констатирани се бројни нерегуларности и злоупотреби во поглед водоснабдувањето од страна на корисниците.
– На лице место е утврдено неовластено користење на вода од системот, манипулирани водомерни броила, нелегални приклучоци на мрежата и слично, што уште повеќе го отежнува квалитетот и обемот на водоснабдувањето во летни услови. Им укажуваме на граѓаните дека ваквото противправно дејствување претставува основ за кривична и граѓанска одговорност, кое ги доведува во нерамноправна положба останатите корисници и за кое ќе бидат поведени соодветни постапки пред надлежни органи, велат од претпријатието.
Од Проаква Водовод Охрид ги повикуваат сите корисници рационално да ја користат водата заради лошата хидролошка состојба.
OhridNews












