Врз основа на оперативни сознанија, криминалистичката полиција од Струга, во две одвоени акции приведе две лица кај кои е пронајдено нелегално оружје.

На улицата ,,Маршал Тито“ вчера полициските службеници при преглед кај лицето С.А. роден 1935 година од Струга пронајде огнено оружје-пиштол  непозната марка калибар 7,65 милиметри како и рамка со 6 куршуми. Оружјето, приведениот го имал без соодветна дозвола за носење и поседување со што сторил кривично дело ,,Неовластено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Синоќа во 20 часот и 50 минути, на улицата ,,27 Март“, беше пресретнато лицето А.М. роден 1982 година од Струга. Кај него беше пронајден гасен пиштол марка ,,Екол-Фират Магнум“ калибар 9 милиметри како и рамка со 3 куршуми. Истиот, пиштолот го поседувал без соодветна документација поради што беше повикан во полициска станица, соопшти СВР Охрид.
 
Пронајденото оружје е одземено и предадено во Министерството за внатрешни работи за понатамошно вештачење и анализа, информираат од охридската полиција.

OhridNews
извор:СВР Охрид