Управата на Манчестер Јунајтед заедно со менаџерот Оле гунар Солскјер донесоа одлука да се одбие секоја понуда која ќе стигна на Олд Трафорд за Пол Погба. Иднината на Французинот во дресот на „црвените ѓаволи“ беше неизвесна, но после оваа одлука веројатно ќе се стави точка на шпекулациите со името на Погба.

Репрезентативецот на „триколорите“ беше голема желба на Зинедин Зидан, кој е тренер во Реал Мадрид, но англискиот премиерлигаш уште на почеток одбиваше продажба на Погба. Во зделката за потписот „кралевите“ подготвени беа да вклучат фудбалери како Иско и Варан.

Менаџерот на „ѓаволите“ планира новиот тим да го гради околу Погба. Солкјер го гледа Погба како лидер и затоа со управата одлучија да стават вето на негов евентуален трансфер. Ова треба да значи мотив повеќе за Погба кој не уживаше кој знае каква поддршка од навивачите после игрите „топло ладно“.

Манчестер Јунајтед одлично ја почна сезоната совладувајќи го Челси со 4-0 во дербито на Олд Трафорд а нов тест ќе имаат на гостување кај амбициозниот Вулверхемптон.

OhridNews