Во мартовските невремиња големи оштетувања претрпеа угостителите во централното градско подрачје чии објекти имаат тераси на платформи изградени во езерото. Иако за истите не поседуваат содветни дозволи, угостителите се надеваат на помош од институциите.
-Дозволи можеби немаме сите, но од друга страна на општината и плаќаме комунална такса и такса за урбана опрема и мислам дека општината и владата ако можат да не обештетат, ако не 100% со некој денар ќе бидеме задоволни. – вели угостителот Љупчо Патчев.
Од општина Охрид се децидни дека обештетување ќе има само за оштетените објекти кои кои ги исполнуваат законските критериуми.
– Се она што е надвор од законот општината не може да го направи. Мора да се движиме во законски рамки. Се разбира дека имаме начини даа се помагаме едни со други, меѓутоа надвор од законот, посебно финансиско обештетување не смееме да правиме. – вели градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски.
До надлежната општинска комисија пристигнале околу стотина барања за проценка на штети од невремињата што го погодија Охрид на 17 и 31 март, кои се во процедура на разгледување.
Г.М.














