Државата ќе го субвенционира туризмот, но нема да го намали данокот на додадена вредност од 18 на 5 отсто за ноќевања на туристите и продажба на храна во угостителските објекти, како што бараат туристичките работници.

Министерството за економија вчера ја промовираше Националната стратегија за туризам со која се предвидуваат субвенции за склучени туристички аранжмани за странски гости. Оваа новина ќе започне да се применува од почетокот на следната година.

Со стратегијата се преддвидува од буџетот на државата да се финансира и престој на новинарски екипи од странство кои ќе пишуваат за туристичките потенцијали на Македонија, како и престојот на странски тур-оператори, кои ќе ја стават земјава во своите понуди.

Ohridnews