Ин витро оплодувањата се одвиваат со ненамалено темпо и со нормален тек, соопштуваат од Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ).

Во однос на реформите во овој проект, според ФЗОМ, иако нивните служби работат на нов систем за биомедицинското оплодување, а во тесна соработка со здравствените институции во кои се врши ин витро процедурата, овој проект нема да се стопира.

Се до воведувањето на новините, најавуваат од ФЗОМ, здравствените институции ќе работат како и до сега, а Фондот во интерес на своите осигуреници ќе обезбеди преоден рок, односно сите пациентки чија што процедура е веќе започната ќе го остварат своето право на ин витро оплодување по стариот систем.

Ин витро проектот е еден од најголемите проекти во македонското здравство и е врвен приоритет на здравствените власти, и затоа нема да се дозволи негово запирање, децидни се од Фондот.

OhridNews
извор: „Макфакс“