Полицискиот билтен во изминатото деноноќие бележи две нарушувања на јавниот ред и мир со физички напад. Еден од двата инциденти се случил синоќа околу 20:35 часот на улица „Јане Сандански“, каде 46-годишна жена физички била нападната од 58 охриѓанец.

Вториот инцидент се случил во селото Косел, охридско. Околу  18.30 часот во СВР Охрид пријавено било нарушување на јавниот ред и мир, во кое учествувале две жени. Според полицискиот извештај 69 годишна коселчанка физички нападнала 81 годишна соселанка.

Полицијата најави соодветни пријави по расчистување на инцидентите.

СВР Охрид уште соопшти дека е поднесена кривична пријава против 57-годишен стружанец, кој на 31 март на булеварот Туристичка во Охрид физички нападна полициски службеник кој извршувал службени задачи.

Во билтенот уште се издвојува и дека во текот на изминатото денониќие за неносење заштитна маска полицијата поднела 55 прекршочни пријави: Охрид-20, Струга-07, Кичево-18, Дебар-10).

OhridNews