Охрид деновиве е полн со гости од земјава кои повеќе од солидно ги исполнија сместувачките капацитети. Со зголемениот број посетители растат и инцидентите и нарушувањата на јавниот ред и мир. Речиси да нема ден, а во билтенот на СВР Охрид да нема информација за таква случка.
Последната пријавена се случила вчера вечерта околу 22,30 часот, на пресекот на булеварите „Туристичка“ со „Македонски Просветители“. Нарушен бил јавниот ред и мир со физички напад извршен од 38-годишен битолчанец врз 4 години помлад ресенчанец.
Против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти СВР Охрид.
OhridNews