Скоро три месеци поминаа по несреќата на Михаел Шумахер при скијање во Франција. Од тогаш некогашниот број еден во Формула 1 е во вештачка кома и не престануваат шпекулациите околу неговото опоравување. Докторот Гери Харстеин, кој работеше во Формула 1 седум години ја објасни здраствената ситуација на германскиот пилот.

Фанововите, неговите поранешни колеги од екипите и целиот свет верува дека Шумахер ќе извојува победа во најважната битка во својот живот.
– Го обожавам Михаел. Фасцинирам сум од упорноста на неговите фанови. И додека од една страна ме загрижува дека ќе излезат лоши вести, недостатокот на информации нам всушност ни дава шанса да одиме понатаму, прифатиме се што се случило и да се помириме со тоа. Тоа е неочекувано добра работа на стратегијата на неговото семејство. Верувам дека луѓето ќе бидат добро, без оглед како ова ќе заврши – заврши Харстеин.
Мх.П.











