Британскиот државјанин, кој во четвртокот почина на Инфективната клиника во Скопје, немал ебола.

Ова попладнево го соопштија од Министерството за здравство, врз основа на пристигнатите резултати од лабораторијата во Германија.

Инаку, починатиот британски држјавнин беше сместен во хотел во трговскиот центар Мавровка. Утрината му се слушило и во тешка состојба бил однесен на Инфективната клиника, каде по неколку часа починал.

OhridNews