Тетовски Тетекс и да го одбрани трофејот во националниот куп нема да може да игра во европските натпреварувања, откако ФФМ не им додели лиценца на “штофарите“ за учество во натпреварувањата во организација на УЕФА за сезона 2011/2012.


Тетекс во финалето на 24 мај ќе игра против Металург, но без разлика на исходот на мечот тетовци нема да ја видат Европа.

Комисијата за лиценцирање при Фудбалската Федерација на Македонија по разгледувањто на  барањата за лиценца на клубовите кои се пријавија за учество во натпреварувањата во организација на УЕФА за сезона 2011/2012, се одлучи “зелено “светло да им даде на ФК Силекс од Кратово, ФК Работнички од Скопје, ФК Шкендија од Тетово, ФК Металург од Скопје и ФК Ренова од с.Џепчиште, Тетово.


Покрај Тетекс извисија уште ФК Напредок од Кичево, ФК Хоризонт Турново од с.Турново, Струмица, и ГФК Тиквеш од Кавадарци.

Македнија во европкуповите ќе има четири преставника , еден во квалификациите од Лигата на шампиони и три во квалификациите од Лигата Европа.

Ohridnews