Барселона фуриозно стигна до нова победа во “Ла лига“ совладувајќи ја екипата на Леванте со 4-0. Полека но сигурно избраниците на Тито Виланови чекорат до титулата во Премира откако разликата помеѓу Барселона и Реал Мадрид достигна 11 поени.


Четирите погодоци Барселона ги постигна во вториот дел. Бедемот на домаќините го сркши Меси со два брзи погодоци во 47-та и 51-та минута. Во 57-та веќе беше 3-0 со погодокот на Иниеста додека “покерот“ го комплетираше Фабрегас во 63-та минута.

Резултати : Еспањол – Гетафе 0-2, Атлетик Билбао – Депортиво 1-1, Атлетико Мадрид – Севиља 4-0, Леванте – Барселона 0-4.

Табела : Барселона 37, Атлетико Мадрид 24, Реал Мадрид 26. . .

Мх.П.