Голманот Дарко Тофилоски и повратникот во репрезентацијата Дарко Тасевски се последните фудбалери кои поради повреди го откажаа настапот на квалификацискиот двомеч против Андора в петок и Русија во вторник.

Тасевски се повредил на првенствениот дуел Локомотив (С)-Левски и од тие причини тој е ослободен од обврските за дуелот со
Андора. Доколку се поправи состојбата ќе и се приклучи кон
репрезентацијата в сабота за средбата со Русија. Во спротивно ќе биде
повикан нов играч.

Дарко Тофиловски заработил повреда на раката (расекотина)
за што официјално е добиена и потврда од клубскиот лекар (ФК Кошице).  Според информациите од Стручниот штаб на македонската фудбалска репрезентација во комбинација за средбите со Андора и Русија е Кристијан Наумовски (Динамо Букурешт), кој е информиран за повредата на Тофиловски и ќе патува за Андора само доколку се појават дополнителни проблеми со голманскиот тандем Нурединоски-Богатинов.

Експедицијата од Барселона се сели во Андора Ла Вела во вторник во 9ч, и попладнето ќе одржи тренинг во 18.30ч. Натпреварот се игра в петок во 19ч. во Андора Ла Вела.

OhridNews