Тренерот на италијанскиот шампион Јувентус, Антонио Конте, кој доби забрана 10 месеци да го води клубот во Италија, нема да може во истиот период да биде на клупата, ниту на меѓународни натпреварувања.

Ваква одлука донесе во петокот Меѓународниот фудбалски сојуз (ФИФА), со што му ја прошири казната на Конте изречена од Италијанскиот фудбалски сојуз бидејќи не ги пријавил сознанијата за местење на одредени натпревари.

Тоа значи дека Конте нема да смее да го води Јувентус во Лигата на шампиони, во која неговата екипа во среда во рамки на првото коло ќе гостува кај бранителот на титулата Челзи.

Јувентус поднесе жалба на одлуката на Италијанскиот фудбалски сојуз, а засега клубот го води помошникот на Конте, Масимо Карера.