Натурализираниот македонец, Лестер Бо Мекклејб сезонава имаше епизодна улога во Евролигата со неговата екипа Фенербахче. Натпревари во најквалитетната лига во Европа ги завршија во втората фаза со негативен биланс.
Наспроти него Перо Антиќ и екипата на Олимпијакос обзбедија пласман во завршницата и ќе го бранат трофејот освоен минатата сезона во финалето против ЦСКА Москва. Но, Антиќ по тренерска смена е во немилост на тренерот и на теренот поминува не повеќе од 20 минути.
Третиот македонец во Евролигата сезонава беше “литванскиот херој“ Владо Илиевски, кој со екипата на Цедевита доживеаја елиминација во првиот круг.
Топ десетте кошаркари за сезонава во Евролигата : Димитрис Дијамантидис (Панатинаикос), Руди Фернандез (Реал Мадрид), Шон Џејмс (Макаби Тел Авив), Виктор Крајапа (ЦСКА Москва), Ненад Крстиќ (ЦСКА Москва), Никола Миротиќ (Реал Мадрид), Хуан Карлос Наваро (Барселона), Василис Спанулис (Олимпијакос), Милош Теодосиќ (ЦСКА Москва), Анте Томиќ (Барселона).