Во изборот на тимот за полусезоната на единствениот спортски весник во земјава “Македонски Спорт“ немаше место за охриѓани. “Рибарите“ есенскиот дел го завршија на осмата позиција со 20 бодови, еден повеќе од Работнички кој е деветти на прволигашката табелата.


 Од своите 14 погодоци, нема ни еден со Охрид 04. Иваноски во дуел со Иловски.

Најдобрата 11-ка ја сочинуваат шест фудбалери од Вардар (Вајс, Бојовиќ, Ранѓеловиќ, Оса, Иваноски, Петров), четири фудбалери од Металург (Павловиќ, Кралевски, Крстев, Илијоски) и еден од Шкендија (Хасани).

Голман : Игор Павловиќ (Металург)

Одбрана : Игор Кралевски (Металург), Мирослав Вајс (Вардар), Раденко Бојовиќ (Вардар).

Среден ред : Ферхан Хасани (Шкендија), Миле Крстев (Металург), Оса (Вардар), Предраг Ранџеловиќ (Вардар).

Напад : Филип Иваноски (Вардар), Баже Илијоски (Металург), Филип Петров (Вардар).

Титулата во есенската полузесона му припадна на Вардар, благодарение на инзвондрениот Филип Иваноски кој на 17 натпревари постигна 14 погодоци. Повремениот репрезентативец ја предводи листата на стрелци на која со десет погодоци второто место го делат Гешоски од 11 Октомври и Илијоски од Металург. Понатаму следуваат Димоски од Охрид 04 и Нацев од Силекс со седум постигнати гола.


Вардар и Иваноски “високо“ летаат.

Во есенската полусезона судиите на белата точка покажале 21 пат, од кои 16 биле претворени во погодок. По три пенали се досудени за Вардар, Х. Турново и Шкендија од кои сите биле претворени во гол, а “контра“ се досудени четири за Металург и Вардар. Во корист на Охрид 04 “свирнати“ се два пенали, “деветката“ на “белите“Клечкароски на два пати не успеа да го пронајде патот до противничката мрежа.


И стативата беше против него, Клечкароски на мечот со 11 Октомври.

Прилепчанецот Горан Спиркоски е рекордер кај судиите со 11 натпревари. Десет меча “главна свирка“ биле Крстевки (Битола), Петкоски (Велес) и Бошков (Неготино). Охриѓаните Маркоски и Шулески на седум натпревари ја делеле правдата.


Судијата рекордер, интернационалецот Спиркоски.
Ohridnews