Англискиот фудбалер, новиот играч на Олимпик Марсеј, Џои Бартон ќе мора да ја одработи суспензијата која му ја изрече Фудбалската асоцијација на Англија. Бартон суспензијата ја заработи како играч на Квинс Парк Ренџерс, во последното коло од минатото првенство. На мечот против Манчестер Сити тој со лакт намерно ги удри Карлос Тевес и Серхио Агуеро.

ФА на Фудбалскиот сојуз на Франција, во истиот момент кога тој мина од КПР во Марсеј, му ги пренесе санкциите против Бартон. Според правилата на ФИФА на играчот му остануваат уште девет меча од суспензијата“, се наведува во соопштението на Француската лига. Бартон ќе пропушти осум натпревари во првенството и еден во купот, бидејќи суспензиите во домашните првенства не се однесуваат и на европските купови.

Олимпик Марсеј во Лига Европа ќе игра против Борусија Менхенгладбах, Фенербахче и АЕЛ Лимасол.