Македонскиот фудбалски селектор Сречко Катанец нема да испрати дополнителна покана по отказот на напаѓачот Илчо Наумоски за тест-средбата со Молдавија. Тоа е ставот на Катанец по вчерашните консултации со својот помошник и прв соработник Вујадин Станојковиќ.
>>Hаумоски ја пропушта Молдавија
На мечот со Молдавија свое деби ќе има австралиецот со македонско потекло Сашо Огненовски.
Македонија по трите одиграни средби во групата има 3 бода и се наоѓа на 4 место. Наредниот квалификациски натпревар за СП 2010 ќе го одиграме на 1 Април против Холандија.










