Нема нови заболени лица со корона вирус, додека седум лица се тестираат, информира министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес конференција. Три од лицата кои се тестираат се од Дебар, две од Штип, и две се наоѓаат во Инфективното одделение во Скопје. Дополнително ќе се проверуваат уште околу 50 луѓе од Дебар.

Трите лица кои се тестираат од Дебар имаат симптоми, додека останатите се испитуваат бидејќи биле на пат во Австрија и Германија.

Вечерва ќе се одржи седница на Владата по која ќе има уште една прес-конференција на која ќе бидат соопштени нови информации за состојбата во земјата.

OhridNews