Снегот и ниските температури кои ја зафатија Македонија, сериозно ги отежнаа условите за подготовките на екипите за стартот на фудбалскиот шампионат. Членот на УО на ФФМ, охриѓанецот Тони Иваноски вели дека од ФФМ ја следат ситуацијата, но одложување на стартот на шампионатот во Првата МФЛ нема да има.


Сочуствувавме со екипите, лошото време ја зафати цела Европа, а не само Македонија. До стартот на првенствово има уште дваесетина дена во кои очекуваме временските прилики да се подобрат. Календарот е направен и отстапки нема да има. Во нашата држава терените на кои се игра прволигашки фубдал може и мора да бидат подготвени. Време за маневар многу и нема поради Европското фудбалско првенство кое годинава се игра во Полска и Украина. – вели Иваноски.


Неколку тимови, Вардар, Шкендија, Работнички и Турново заминаа за Анталија, дел останаа во земјава, Металург, Тетекс, Силекс, Брегалница, додека дел покрај Охридското крајбрежје (Ренова, Охрид, 11 Октомври и Напредок) преку пријателски средби ја темпираат формата.

Првата рунда од пролетниот дел се игра на 4 март, а Охрид 2004 на домашен терен го пречекува Турново.

М.П.