Министерството за образование и наука нема да го одложи стартот на учебната година поради високите температури, но не ја ни исклучува ваквата можност, информира министерот за образование и наука Панче Кралев.

– Очекуваме до крајот на неделата според најавите да има пад на температурата, секојдневно сме во комуникација со надлежните институции и доколку процениме дека е потребно секако дека не ја исклучуваме и таа можност. Но, засега, да бидам дециден нема такви планови, изјави Кралев.

OhridNews