Ако вторник и среда се резервирани за мечевите од Лигата на Шампиони, четврток е заштитен знак на натпреварите од Лигата на Европа. Вечерва, во двата термини 18:55 и 21 часот започнуваат дуелите по групи.

Од пресметките во 18:55 часот, најголемо внимание ќе привлече средбата помеѓу германскиот бундеслигаш Ајнтрахт Франкфурт и вицешампионот во Лигата на Европа, Арсенал. Двата тима имаат високи цели сезонава во ЛЕ а истите на испит ќе бидат поставени уште вечерва.

Во вечерниот термин нема класично дерби, но има пресметки од кои се очекуваат многу. Холандски Феенорд гостува кај тимот на Глазгов Ренџерс, Вулверхемптон ја пречекува Брага, додека Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд ќе се судри со Астана а Партизан на домашен терен ќе се сретне со АЗ Алкмар.

Двојки:

Група А: Апоел – Дуделанж (18:55ч), Карабах – Севиља

Група Б: Динамо Киев – Малме, Копенхаген – Лугано

Група Ц: Базел – Краснодар, Гетафе – Трабзонспор

Група Д: Ласк – Розенборг, ПСВ Ајндховен – Спортинг Лисабон

Група Е: Клуж – Лацио, Рен – Селтик

Група Ф: Ајнтрахт Франкфурт – Арсенал, Стандард Лиеж – Виторија Гимараеш ((18:55ч)

Група Г: Порто – Јанг Бојс (21ч), Глазгов Ренџерс – Феенорд

Група Х: Еспањол – Ференцварош, Лудогорец – ЦСКА Москва

Група И: Гент – Сент Етјен, Волфсбург – Александрија

Група Ј: Борусија Менхенгладбах – Волфсбергер, Рома – Башекшехир

Група К: Слован Братисла – Бешикташ, Вулверхемптон – Брага

Група Л: Манчестер Јунајтед – Астана, Партизан – АЗ Алкмар

OhridNews