во Премиерлигата започнува фудбалското лудило наречено ’Boxing Day’,
кога екипите од најсилната конкуренција, за само една недела ќе одиграат
по три натпревари.

Натпреварот од 19-то коло нема да го одиграат само лондонските ривали,
Арсенал и Вест Хем, мечот е одложен поради штрајкот на вработените во
подземната железница.

Лидерот Манчестер Јунајтед, по киксот против Свонси, три бода ќе бара на
мечот со Њукасл, кој во претходното коло ја прекина серијата од три
порази.

Манчестер Сити никого не импресионира со формата, но ’граѓаните’ ги
освојуваат планираните бодови. Сити, во 19-то коло ќе гостува во
Сандерленд.

Тешко гостување ги очекува фудбалерите на Челзи, кој во неделата на
Астон Вила ја почестија со осум погодоци. Челзи, чии фудбалери на
последните две средби постигнаа 13 погодоци ќе гостуваат во Норич, каде
што оваа сезона без бодови останаа Арсенал, Манчестер Јунајтед и
Тотенхем.

Двојки :

Евертон-Виган

Фулам-Саутемптон

Манчестер Јунајтед-Њукасл

Норич-Челзи

Квинс Парк Ренџерс-Вест Бромвич Албион

Рединг-Свонси

Сандерленд-Манчестер Сити

Астон Вила-Тотенхем

Стоук-Ливерпул

Табела: Манчестер Ј. 43, Манчестер С. 39, Челзи (-1) 32, Арсенал, Тотенхем, Евертон, ВБА 30…

“Макфакс“