Нема откажување на 25. јубилеен Охридски Атлетски маратон што традиционално се одржува на 8 Септември на денот на македонската независност.
По остварената средба со Градоначалникот на Охрид од АК Охрид кои се организатори на маратонот потврдија дека Атлетскиот маратон ќе се одржи според предвидениот распоред.
– И покрај недостигот на средства одлучивме да го одржиме маратонот, локалната самоуправа на интервенција на Градоначалникот, Петрески покри поголем дел од наградниот фонд, а да не беше таа реакција ќе бевме принудени да го откажеме. Сметавме дека е жалосно сиот повеќе месечен труд да пропадне за толку мал износ, и во преостаните неколку дена ќе се обидеме од локалните фирми да го обезбедиме остатокот – вели Пецо Неданов од организациониот одбор на маратонот.
Охридскиот атлетски маратон е дел од програмата на локалната самоуправа за Прослава на Државниот празник 8 Септември .
Досега се пријавени 26 атлетичари од 13 земји. Најавено е учество на минатогодшиниот победник шпанецот Марк Роиг. Покрај главниот маратон охриѓани најавуваат и одржување на неколку пропратни трки.
бранителот на трофејот – Марк Роиг
Маратонот се трча на 33 километри долгата патека од караулата кај Св.Наум до градското пристаниште во Охрид. Тој за прв пат се одржал во 1976 година и континуирано се одржувал се до 1993 година. Десет години неговото одржување беше во застој, а традцијата беше обновена во 2004 година.
Мислам дека ќе биде многу тежок натпревар сите ја знаеме големината на Вардар, но ние работиме, анализираме, се подготвуваме, вели голманот на ГРК Охрид, Бојан Блажески Се надевам на уште еден пози...
Свесни сме сите дека не чека еден голем предизвик, тоа е екипата на Вардар кои се фаворити на натпреварот, посебно што играат во Скопје, вели тренерот на ГРК Охрид Борис Ројевиќ пред саботниот меч ...
ГРК Охрид во сабота гостува кај екипата на Вардар во рамки на третото коло од ракометната Супер лига Во Скопје како и против Алкалоид доаѓаме мотивирани Вардар е добра екипа со физички силни играчи...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.