Уставниот суд на Република Македонија на вчерашната седница укинал два члена од Законот за готовински плаќања, донесен 2001 година.
Укинат бил чл.21-в од овој Закон, кој предвидуваше глоба во износ од 20 евра во денарска противвредност за физичко лице – корисник на услуга доколку не побара фискална сметка или пак фискалната сметка не ја чува најмалку 15 метри од местото на прометот.
Според Судот воведувањето прекршочна казна за граѓанинот потрошувач во ситуација кога со Законот за регистрирање готовински плаќања даночен обврзник е давателот на услугата, а не примателот на услугата, го доведува во прашање владеењето на правото.
Исто така уставните судии го укинале и членот 4 -а од овој Закон со кој се предвидуваше можност купувачот или примателот на услугата да не плати стока, односно услуга, доколку не му се издаде фискална сметка. Причината за укинувањето на овој член е тоа што наместо државата и инспекциските органи да бидат контролори над оние кои не ја почитуват фискалната и даночна регулатива, ги доведува во прашање слободата на пазарот и претприемништвото и владењето на правото.
OhridNews