
престолнина Прага, нема повредени македонски државјани. Во експлозијата загинаа најмалку три лица, додека 35 луѓе се
повредени, јавија локалните медиуми повикувајќи се на полициски и
спасувачки извори.
Во Прага живеат, работат и студираат голем број македонски државјани, меѓу кои има и охриѓани, со кои по веста за немилиот настан во контакт стапила локалната самоуправа.
-Во Прага во моментов на академијата за филмска уметност има десет студенти од Македонија, меѓу кои е и охриѓанецот Антонио Велјаноски, со кого вчера по веста за експлозијата стапив во контакт. Тој беше видно вознемирен, но не е повреден. Разговарав со него и утрово, неговата психичка состојба е стабилизирана и добив информација од него дека ниту еден од македонските студенти не е повреден.-изјави градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески.












