Македонските футсал репрезентативци ја декласираа Грузија со 9-4 во натпревар кој имаше епитет контролен и пријателски.
„Црвено жолтите“ со трите погодоци во четирите почетни минути ја најавија убедливата победа.
Репрезентативците продолжија со исто темпо и стигнаа до водство 6-0, по што следеше опуштање кое грузијците го искористија.
Следеше нов бран на голови за конечни 9-4 и убедлива победа на домаќините.
Двете селекции ќе одиграат уште еден натпревар и тоа вторник со почеток во 20:15 часот.
Ohridnews