Нема притвор за поранешниот премиер Никола Груевски и неговиот советник Мартин Протоѓер, екс министрите Гордана Јанкуловска и Миле Јанакиевски и поранешниот партиски секретар Кирил Божиновски, јавува „Телма“.

Кривичен не го прифати барањето на СЈО за притвор и на сите судот им ги одзема личните и дипломатските пасоши и ги задолжи еднаш неделно да се јавуваат таму. Таква мерка СЈО предложи за уште 16- на обвинети во „Титаник“, а судот за нив сите ги прифати и им ги одзема и ним пасошите. Петмина меѓу нив имаат дипломатски пасоши.

Од Судот соопштија дека предлогот за определување мерки за претпазливост против К.М.,Л.Р.,Р.Д.,Џ.А.,М.Н.,Д.Д., Е.Т., М.П., К.Т.,К.В., С.К., Д.А., Л.Р., Г.Ј., Б.Б.Б. и И.Д., се уважуваат и им се определуваат мерки за претпазливост обврска еднаш неделно да се јавуваат кај надлежно службено лице во судот, привремено одземање на патна исправа и забрана за издавање нова и привремено одземање на дипломатска исправа за К.Т., К.В., Б.Б.Б. и И.Д.

Против овие решенија, СЈО има право на жалба во рок од 3 дена до Апелациониот суд.

OhridNews