Позициите пет и шест ги задржаа Петра Квитова и Анжелик Кербер, додека Сара Ерани благодарение на настапот во полуфиналето на УС Опен, од десеттото се проби на седмото место, што е нејзин најдобар пласман во кариерата. Ли На остана на осмото место, додека од седмото на деветтото место падна Саманта Стосур.
Топ 10 листата завршува со Марион Бартоли, која ја мина Карлон Вознијаки. Тенисерката од Данска која годината ја започна на првото место, поради лошите резултати на турнирите, за само девет месеци испадна и од Топ 10.
“Макфакс“.