Разочарани но горди беа фудбалерите и стручниот штаб на Атлетико Мадрид кои во судиското надополнување ја изгубија шансата да стигнат до сензација.
„Голот на Рамос навистина болеше. Во фудбалот мора да се игра до последната секунда, особено кога станува збор за финалните натпревари. Не ни останува ништо друго освен да му честитаме на противникот за победата и освоениот трофеј. – рече Хуанфран
„Солзите не смеат да се видат на нашите лица. Ние го оставивме срцето на теренот но за жал тоа не беше доволно. Ова е спорт, некогаш се победува, некоаш се губи, а ние дадовме се од себе. мора да бидеме горди. Реал беше подобар во второто полувреме, а ние бевме преморени во финишот, мечот завршува со последниот судиски свиреж – рече Симеоне.