Фудбалерите на Воска Спорт се најпријатното изненадување во Втората лига Запад. Второлигашот од охридската населба Воска (2), вчера на „Билјанини извори“ во дербито на колото го совлада Вардар (3) со 2:1, со головите на Емини и Алии.

ГФК Охрид, во 12то коло загуби на гостувањето во Кратово од првопласираниот Силекс 3:0. Охрид останува на 8то место со 10 бода, колку што има и Беса на 9-то место, додека на дното е Кадино со 6 бода. Во следното коло, кое на програмата е на 4ти декември, Охрид му гостува на Тетекс во Тетово.
Г.М.











