Ракометниот клуб Охрид и останатите екипи во Супер лигата ги очекува натпреварувачки ритам со полн интензитет.
Првата рунда од втората полусезона во елитата го носи големото дерби во Битола меѓу Работник и Пелистер кое ќе се одигра вечерва во 18 часот.
Охридските „гладијатори“ во 10-та рунда од Супер лигата ќе имаат лесна и рутинска задача пречекувајќи го последнопласираниот Работнички на табелата.
Мечот со Работнички и претходно со Радовиш е најава за супер дербито со Работник кое Охрид го игра во петок во „Билјанини Извори“.
Резултати: Пелистер – Работник, Охрид – Работнички, Вардар Јуниор – Прилеп, Борец – Радовиш, Металург 2 – Пролет.
Табала: Охрид 22, Работник 19, Пелистер 19, Прилеп 15, Металург 2 14, Радовиш 13, Пролет 13, Борец 8, Вардар Јуниор 4, Работнички 0.
OhridNews