Иако „кралевите“ пласманот во 1/4 финалето го обезбедија уште по првиот осминафинален натпревар со Шалке победувајќи ги 6-1 на домашен терен. Така, не мислеше и Кристијано Роналдо, кој со уште два погодоци во новата победа од 3-1 му го дозагорчи животот на германците.

Со погодоците против „сините“ Португалецот стигна до 12-от сезонава во ЛШ, а во 84-та минута конструкцијата од голот го спречи за хет трик, со кој ќе го минеше Ференц Пушкаш на вечната листа голгетери во дресот на Реал Мадрид.

Роналдо и Пушкаш имаат постигна по 242 погодоци, но на новиот предводник на „кралевите“ му беа потребни 236 натпревари во пет сезони, а на Унгарецот 261 меч во осум сезони.

На вечната листа на стрелци пред португалскиот ас се наоѓаат Санталина со 290 погодоци, Алфредо ди Стефано со 307, а прв е Раул Гонзалес со 323, а ако Роналдо продолжи со тендицијата „гол на секој натпревар“ за две или максимум три сезони ќе ги остави сите зад себеи ќе избие сам на врвот.

Мх.П.