
Ова го предвидуваат последните измени на Законот за земјоделство и рурален развој кој што е доставен до Собранието за да се донесе по итна постапка. Според предлог измените, освен обврските кон Министерството за земјоделство како што е концесија на земјиште, сега како услов за добивање на субвенции се сите давачки кои што ги имаат земјоделците кон државата.
Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство кое е предлагач на законските измени по одлука на Владата, од предложеното решение очекуваат подобрување на наплатата и евидентирање на јавните давачки кај земјоделските стопанства кои ќе го остварат правото на користење на субвенции во земјоделството, како и непречена имплементација на законските решенија содржани во Законот за земјоделство и рурален развој.
OhridNews
Извор:„еМагазин“












