Во македонската армија нема повторно да се воведе задолжителниот воен рок. Ставот дека не е потребно редовно служење војска туку оптмизирање на доброволниот состав, продолжува да важи и со доаѓањето на новиот Министер за одбрана, Талат Џафери.

Инаку, во текот на изминатиот период, беше актуелизирано прашањето за враќање на задолжителниот воен рок, кое не наиде на поддршка од Министерството за одбрана.
OhridNews












