360 стаклени чаши, откриле мобилните царински тимови при контрола во близина на Струга на автомобил управуван од македонски државјанин.

Во багажникот и на задното седиште на возилото биле пронајдени вкупно 60 кутии со стаклени чаши за кои возачот не поседувал документи за потекло и платени увозни давачки, поради што истите се привремено задржани, а против возачот е поднесено барање за поведување прекршочна постапка, соопшти Царинската управа.

OhridNews