Италијанското планинско село Виганела лежи помеѓу две планини кои го блокираат сончевото зрачење во текот на зимата. Дури 84 дена по ред в зима, 200-те жители се во сенка. Затоа одлучиле на еден од околните ридови да постават големо огледало кое ќе ја рефлектира сончевата светлина и ќе ја „фрла“ на централниот плоштад. Огледалото е широко осум, а високо шест метри. Го управува компјутер и секојдневно „обезбедува“ додатни 8 часа светлост. Жителите на селото со право велат дека внеле „нова светлина“ во своите животи.
Огледало кое живот значи
Целата „идеа“ потекнува од градоначалникот на местото кој пред седум години одбил предлог-нацрт за редизајн на главниот плоштад бидејќи „цела зима не гледаме сонце“. Архитектот рекол ако успее да „донесе“ сонце, градоначалникот да го одобри планот за плоштадот. Изградбата на огледалото чинела околу 100.000 евра и била финансирана од спонзори и од локалната самоуправа. Соседните села со сличен проблем размислуваат како и тие да ја спроведат оваа „светла“ идеа. (“euronews”)
Коалиција на младински организации СЕГА, во рамки на Програмата на Младински Центар Охрид 2025–2026 (финансирана од Општина Охрид), распишува анонимен, национален, едностепен конкурс за изработка н...
Матноста на водата во изворот Шум и водоводната мрежа во Струга е во граница на нормалата покажуваат денешните анализи на примероците од вода спроведени од Центарот за јавно здравје – Охрид С...
Агенцијата за задолжителни нафтени резерви постојано ги следи и одржува државните резерви на нафта и нафтени деривати, обезбедувајќи сигурност на снабдувањето, стабилност на пазарот и подготвеност ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.