Службата на итната медицинска помош во Буенос Аирес ја демантира веста
дека двајца редари ги загубиле животите на натпреварот помеѓу Ривер
Плејт и Бока Јуниорс. „Повредени се 25 луѓе но никој не загинал“, изјавил за спортскиот весник
„Оле“, Алберто Кресенти, вработен во итната медицинска помош.


Веста дека загинале двајца редри ја демантира и портпаролот на
приватната фирма, која била задолжена за спореведување на безбедноста на
аргентинското Суперкласико. „Никој не е во критична состојба, иако неколку луѓе се хоспитализирани“.


По завршувањето на дербито се прошири веста дека навивачите на Бока,
најпрвин претепале, а потоа низ скалите фрлиле двајца редари, по што тие
им подлегнале на повредите.Фудбалерите на Ривер Плејт и Бока Јуниорс го одиграа 339-от
Суперкласико, прво по пауза од една ипол година, резултатот на крајот
беше 2:2.

“Макфакс“