Гласот на Ана и Дени кој преку најслушаната радио станица во Македонија „Антена 5“ допира до секој дом ќе биде заштитен знак и на второто издание на Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“ кое ќе се одржи на 3 јуни.
Охриѓанката Ана минатата година маестрално го водеше спортскиот хепенинг, а годинава ќе има помош од својата колешка која ќе „дебитира“ во Охрид, откако во првото издание имаше улога на учесник.
– Немат спас од нас, зш нас и Охрид трчаТ секаде не имаТ. – е пораката во видеото од дуото со кој започнува секој нов ден во Македонија.
Подготовките за второто издание на најголемиот спортски настан во Охрид течат во најдобар ред. Зад себе организаторите веќе ги имаат ноќната трка и трката за преставниците од медиумите и јавните личности, а следуваат училишната и детската трка и главниот настан кој ќе се одржи на 3 јуни.
OhridNews