Во недела, 24 август, ненадејно почина музичарот Јанко Узунов, пренесува „Утрински весник“.
Узунов во текот на сета своја богата музичка кариера во македонската јавност беше доживуван како „момчето со мандолината“, според хитот што во 1976 година го испеа со Цветанка Ласкова на Фестивалот во Опатија.
Јанко Узунов починал неочекувано, во Берово, на семеен одмор. Јанко Узунов е роден 1951 година во Вландово, а музичката кариера ја започнува на почетокот на седумдесеттите години на минатиот век со првата снимка, “Магдалена”, песна на Димитар Масевски.
Последните години Јанко Узунов беше насочен на работата на своето приватно училиште по гитара.
OhridNews
извор:„Утрински весник“