Минувачите кои секојдневно се движат по тротоарот покрај Студентскиот дом ,,Никола Карев” во Охрид, треба многу да внимаваат за да не нагазат на дел од струјниот  кабел кој е откриен поради недостиг на бехатон-плочки. Но незаштитен кабел има и на местото каде што претходно стоела канделабра од уличното осветлување.


Незаштитените кабли претставуваат поголема опасност, особено кога времето е врнежливо и влагата се задржува подолго време на улиците.


Освен на овој тротоар, ”голи” кабли од електрична инсталација има и на други улици низ Охрид, за кои надлежните наскоро треба да преземат соодветни мерки.

OhridNews