Слободното време фудбалерите на Милан го користат виртуелно да се дружат со фановите. Миланската „99“ Џајнлујџи  Донарума на инстаграм одговараше на прашања од фановите.

Фудбалски идол? „Мој омилен играч одсекогаш бил Рикардо Кака. Во мојата соба имав сè за него, затоа велам апсолутно Кака“.

Притисок да се биде на голот на Милан? „Тоа е дел од секојдневниот живот. Јас живеам тивко, секогаш се трудам да останам смирен и напорно да работам“.

На одбрана што најмногу се радуваше? „Онаа на Нелсон Дида против Ајакс во Лигата на Шампионите“.

За неговата најтешка парада? „Ударот на Масимо Макароне на мечот Милан-Емполи, тоа беше шут од близина“.

За неговата рутина пред мечот? „Слушам одредена музика пред да пристигнам во Сан Сиро. Потоа, правам неколку шеги со тренерите на голманите, а потоа се концентрираме на загревањето“.

Напаѓачот од кој најмногу има „страв? „Играв против одлични напаѓачи, најмногу се „плашам“ од Кристијано Роналдо“.

Неговиот прв натпревар како гледач на „Сан Сиро? „Милан-Ливорно 2005-2006, победивме со 2-0“.

Омилена песна? „Немам омилена, но слушам многу неаполски песни“.

За играњето во црвено-црниот дрес? „Тие бои за мене значат многу, пораснав овде и секогаш бев навивач на Милан. Па не можам да сторам ништо друго освен да дадам се за тие бои“.

Најголема спортска емоција? „Победата во италијанскиот Супер куп против Јувентус. Тоа беше мојот прв трофеј и никогаш нема да го заборавам“.

Од 2015 година го брани голот на Милан, настапи на 190 меча и се наоѓа на шестото место на вечната голманска листа по бројот на одиграни натпревари.

OhridNews