Актуелниот лидер во Серија А, Јувентус неочекувано ремизираше на домашен терен против Џенова играјќи 1-1. Наспроти “старата дама“, Лацио на “Олимпико“ претрпе минимален пораз од Киево 1-0.


Италијанскиот репрезентативец Кваљарела го донесе во водство тимот од Торино, бодот вреден како три од гостувањето кај шампионот на Италија, го осигура Марко Бориело.

Стрелец на погодокот вреден три бода за “летечките магариња“ беше Палоѓи во 61-та минута од натпреварот.

Резултати : Лацио – Киево 0-1, Јувентус – Џенова 1-1.

Табела : Јувентус 49, Наполи 43, Лацио 43, Интер 39, Фиорентина 36….

Мх.П.