– Луѓето често пати го занемаруваат редовното одржување и чистење на оџаците од грејните тела на дрва, поради тоа и најголемиот број интервенции кои се вршат од страна на нашите екипи во зимскиот период се поради пожар настанат како резултат на неисчистени оџаци. Затоа апелираме до граѓаните да не го занемаруваат одржувањето на грејните тела, вели командирот на охридската противпожарна единцица, Спасе Прентоски.
Тој нагласува дека во тек е дистрибуирањето на правилникот за одржување во исправна состојба на на оџаците, чадоводните уреди, системи за воздушно и водено греење, огништата, парните котли и во угостителските и занаетчиски објекти, со цел превентивно дејствување и спречување на настанувањето на пожар.
– Правилникот е донесен неодамна од страна на владата и дирекцијата за заштита и спасување, а ние деновиве ќе го доставиме до сите угостителски објекти низ градот, вели Прентоски.
Стручните лица советуваат особено да се внимава во вечерните часови да не се преоптоварува електричната инсталација со истовремено уклучување на повеќе електрични апарати, особено ако станува збор за стара електрична инсталација.