На каналот YouTube, вчера, беше објавена снимка на која се прикажани дел од мејловите на новинари кои бараат акредитација во СЈО, но и други службени дописи и информации разменувани меѓу Јанева и нејзиниот тим со други лица.
Од СЈО во врска со објавената снимка, со информација дека во текот на месец декември 2015 година бил извршен неовластен упад во нивната електронска пошта, по што од нивна страна биле преземени сите чекори за зголемување на безбедноста на електронска пошта.
– Напоменуваме дека во тој период немавме вработено лице кое би се грижело за информатичката безбедност на електронската пошта. Настанот не беше пријавен пред надлежните органи, бидејќи во тој момент немавме никаква реална штета од упадот, велат од СЈО.
Додаваат дека со оглед на тоа што со објавата на YouTube каналот јасно е изразена целта на упадот во нивната електронска пошта, ќе бидат преземени сите мерки за расчистување на случајот.
OhridNews