СВР Охрид поднесе кривична пријава против  управител на фирма од Тетово и против правното лице за сторени кривични дела „узурпација на недвижности“, а управителот се товари и за„тешка кражба“.

Како што соопшти полицијата во периодот од 13.04. до 15.05.2011 година, на подрачје на Охрид на 15 локации, пријавениот преку фирмата узурпирал јавна површина (пешачки премини, тротоари) со поставување на рекламни билборди без одобрение на општината, а  од електрични столбови неовластено приклучувал електрична енергија, за осветлување на билбордите.

OhridNews