Жители од станбена зграда на булеварот „Туристичка“ се жалат дека подолг период се соочуваат со проблеми поврзани со фекалната и атмосферска канализација.
Имено, одводните шахти на зградата број 3, која се наоѓа после Историскиот архив, речиси не функционираат, велат жителите. Често пати се прелеваат поради што се предизвикуваат штети во подрумските простории и гаражите, а се шири и неподнослива миризба.
Жителите со апел до надлежните да преземат мерки за решавање на овој проблем.
OhridNews















