Министерството за труд и социјална политика информира дека стручните служби и Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Охрид го сместиле во мал групен дом 11 годишното дете со церебрална парализа, кое беше оставено од мајката без соодветна грижа.

Претходно СВР Охрид соопшти дека 39-годишна охриѓанка вчера во својот дом на улицата „Питу Гули“, без  грижа, храна и надзор, го оставила својот 11-годишен син кој бил неподвижен.

Против мајката ќе биде поднесена соодветна пријава, најави полицијата.

OhridNews