-Се доекипираа сите тимови, застојот беше околу недостаток на пипишувачи од албанската етничка заедница, но тој проблем е надминат, составени се попишувачките парови и нашите тимови се веќе излезени на терен, изјави Весна Лекоска, претседател на Регионалната пописна комисија за Охрид и Дебрца.
Местата предвидени за албанската заеднива која не обезбеди доволен број попишувачи за охридскиот регион, се пополнети со претставници од другите етнички заедници, кои пак не се задоволни од реоните на кои се распоредени.
-Само 5-6 попишувачи се ставени во градот, а останатите се ставени во Дебрца. Иако ние не живееме во Дeбрца, нашите попишувачи ги ставија во Дебарца.-вели Вахид Мемед од Здружението на балканските Египќани.
Покрај етничката застапеност, проблем претставува и откажувањето на дел од државните службеници ангажирани како попишувачи, а дополнително процесот го усложнува обуката на новите попишувачи кои треба да ги пополнат испразнетите места.
-Целодневно сме присутни тука, вршиме секојдневно обука на лицата кои се вклучуваат во пописот, бидејќи знаеме дека има проблеми со вклучувањето на одредени заедници во паровите за попишување, така да ние како инструктори правиме се да ги обучиме лицата, да согласно законот и пропишаната методологија се спроведе пописот.-изјави Станко Стојаноски државен инструктор за спроведување на пописот.
Регионалната пописна комисија во Охрид опфаќа 253 реони и уште 61 пописен регион во Дебрца. И покрај задоцнетото комплетирање на пописните парови од комисијата сметаат дека загубеното време ќе се надомести и дека пиписот во охридско ќе се спроведе успешно и во законски предвидениот рок.